Од РКЕ додаваат дека да коментираат детали со цел да се остават институциите на системот професионално да си ја вршат работата. Оттаму посочуваат дека Комисијата и нејзиниот претседател Марко Бислимоски се отворени за соработка со сите институции со цел да се расчисти случајот
Од Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) велат дека во постапката за одземање лиценца на „Тритерол петрол“ ДООЕЛ Скопје е постапено согласно Законот за енергетика и Правилникот за лиценци. На ист начин и во исти рокови, додаваат оттаму, е постапено и за други компании. Ова следи откако од Управата за финансиска полиција денеска информираа дека е поднесена кривична пријава против нејзиниот претседател, Марко Бислимоски, поради сомнение за сторено кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување.
Како што информираат од Финансиска, Бислимоски не постапил според Законот за енергетика и не ја одзел навреме лиценцата на компанијата „Тритерол петрол“ ДООЕЛ Скопје, иако не ги исполнувала условите за трговија со нафта и горива.

„РКЕ и претседателот Марко Бислимоски се отворени за соработка со сите институции со цел да се расчисти посочениот случај кој е споделен во јавноста од страна на Финансиската полиција“,
се вели во соопштението од Комисијата.
Од РКЕ додаваат дека да коментираат детали со цел да се остават институциите на системот професионално да си ја вршат работата.
Според Финансиската, Бислимоски не постапил според Законот за енергетика и не ја одзел навреме лиценцата на компанијата „Тритерол петрол“ ДООЕЛ Скопје, иако не ги исполнувала условите за трговија со нафта и горива.
Лиценцата наместо да биде одземена во јануари 2024 година, постапката е прекината со незаконско решение и лиценцата е одземена дури во април 2025 година.
Со тоа, на компанијата и било овозможено да работи уште околу 15 месеци по истекот на законските услови и да учествува и да склучува договори по однос на јавните набавки.
Во тој период, како што велат од Финансиска, компанијата „Тритерол петрол“ остварила промет од 194 520 962 денари или од над 3,15 милиони евра и противправна имотна корист од 14 093 576 денари или од 229 илјади евра.
