Денешното пукање со фатални последици се случува малку повеќе од две недели откако Рене Никол Гуд, мајка на три деца, беше убиена во Минеаполис
Федерални агенти на американската имиграциска служба Ај-си-и (ICE) денеска за време на интервенција во градот Минеаполис застрелаа маж, кој, како што соопштија надлежените власти им подлегнал на повредите, пренесуваат светските медиуми.

За помалку од три недели ова е втор смртоносен инцидент во кој се вклучени имиграциските агенти, што дополнително ги разгоре тензиите во Минеаполис, градот во кој со недели има протести против федералните власти што ја спроведуваат кампњата на американскиот претседател Доналд Трамп против илегални мигранти.
Според информациите, мажот бил застрелан во областа на Јужен Минеаполис, а подоцна беше потврдено дека починал од здобиените повреди.
Шефот на полицијата во Минеаполис, Брајан О’Хара, изјави дека кога полицајците пристигнале на местото на пукањето, во кое биле вклучени федерални агенти, пронашле маж со повеќекратни прострелни рани. Тој потврди дека мажот починал и дека, врз основа на „многу ограничени информации“, се верува дека станува збор за 37-годишен бел маж, жител на Минеаполис и американски државјанин.
О’Хара на прес-конференција изјави дека индентитетот на убиенот маж е утврден, но засега нема да биде соопштен.
Од Министерството за внатрешна безбедност на САД објавија соопштение во врска со настанот, во кое се тврди дека мажот имал намера да нападне полицајци.
Според соопштението на Министерството, во 9:05 часот според локално време, едно лице им се приближило на агентите на федералната емиграциска служба додека тие спроведувале операција против лице за кое се наведува дека било илегален мигрант.
Оттаму наведуваат дека лицето било вооружено со полуавтоматски пиштол со калибар 9 милиметри, од кое Министерството објави фотографија на социјалната платформа Икс.
“This is the gunman’s gun, loaded (with two additional full magazines!), and ready to go – What is that all about? Where are the local Police? Why weren’t they allowed to protect ICE Officers? The Mayor and the Governor called them off? It is stated that many of these Police were… pic.twitter.com/D2MnY9tDiA
— The White House (@WhiteHouse) January 24, 2026
Се тврди дека агентите се обиделе да го разоружат мажот, по што тој се спротивставил со сила, а еден од нив плашејќи се за сопствениот и за животите и безбедноста на своите колеги, испукал неколку куршуми во одбрана.
„Медицинскиот тим што бил на местото на настанот веднаш пружил помош, но е констатирана смрт на самото место на настанот“,
се додава во соопштението на Министерството за внатрешна безбедност на САД.
Оттаму наведуват и дека убиениот маж носел две рамки со муниција и оти немал документи за идентификација.
Во соопштението за медиумите дополнително се тврди дека сите околности укажуваат на фактот дека лицето имало намера да предизвика најголеми можни последици.
Според Министерството, по пукањето околу 200 демонстранти, кои во соопштението се опишани како „бунтовници“, дошле на местото на настанот, поради што биле воведени мерки за контрола на насобраните и обезбедување на областа.

Истрагата за околностите на пукањето сè уште е во тек, бидејќи локалните и федералните власти продолжуваат да споделуваат информации за настанот што дополнително ги зголеми тензиите во Минеаполис.
На социјалните мрежи се појави видео за кое се тврди дека го прикажува момент на пукањето. Видеото прикажува голем број маскирани федерални агенти како го опкружуваат мажот и го туркаат на земја.
Во еден момент се слушаат истрели, по што агентите се оддалечуваат, додека лицето лежи неподвижно на грб на улицата.
Автентичноста на снимката сè уште не е независно потврдена.
A federal agent opened fire on a man in Minneapolis' Eat Street neighborhood in south Minneapolis on Saturday morning.
— Bring Me The News (@bringmethenews) January 24, 2026
For more on this story: https://t.co/QeFk0sdj46 pic.twitter.com/MPvyYpoYb4
По пукањето, на местото на настанот се собрале минувачи и демонстранти, навредувајќи ги федералните агенти, нарекувајќи ги кукавици и барајќи од нив да го напуштат градот. Според извештаите од теренот, еден од агентите иронично дофрлил „ох, кутрите вие“ кон толпата, додека други агенти во друг дел од улицата турнале демонстрант што викал кон полициско возило.
Федералните агенти употребиле солзавец и димни бомби за да ја растераат толпата. Две раскрсници во јужниот дел од градот биле привремено затворени за сообраќај, а на терен се присутни голем број маскирани федерални службеници.

Според шефот на локалната полиција, Брајан О’Хара, првичните податоци велат дека мажот оружјето го поседувал со дозвола и имал право да го носи со себе.
Денешното убиство се случува малку повеќе од две недели откако Рене Никол Гуд, мајка на три деца, беше убиена во Минеаполис.
Во врска со настанот на социјалните мрежи се огласи гувернерот на Минесота, Тим Волц, кој соопшти дека разговарал со Белата куќа, по, како што го нарече, новото ужасно пукање од страна на федерални службеници.
„На Минесота ѝ е доста. Ова е одвратно. Претседателот мора да ја заврши оваа операција. Повлечете ги илјадници насилни, необучени полицајци од Минесота. Веднаш“,
напиша Волц.
I just spoke with the White House after another horrific shooting by federal agents this morning. Minnesota has had it. This is sickening.
— Governor Tim Walz (@GovTimWalz) January 24, 2026
The President must end this operation. Pull the thousands of violent, untrained officers out of Minnesota. Now.
