Потегот на судот го отвора патот Радев да се повлече од функцијата претседател на Бугарија, објавија бугарските медиуми
Уставниот суд на Бугарија денеска соопшти дека ја потврдил оставката на претседателот на таа земја, Румен Радев.

Потегот на судот го отвора патот Радев да се повлече од функцијата претседател на Бугарија, објавија бугарските медиуми.
Радев поднесе оставка на почетокот на оваа недела, поттикнувајќи ги шпекулациите дека ќе формира своја политичка партија за претстојните парламентарни избори.
Претседателската функција до крајот на мандатот на Радев, во јануари 2027 година, ќе ја преземе потпретседателката Илијана Јотова.
Како што објавија бугарските медиуми, Јотова ќе биде шеф на државата до крајот на мандатот. Таа воедно е и прва жена претседател на Бугарија. Радев, пак, е прв бугарски претседател кој заминува со оставка.
Јотова е шестиот шеф на државата во 33-годишната историја на институцијата. Таа ќе мора да назначи привремен кабинет и да ја спроведе постапката за формирање редовна влада по предвремените парламентарни избори, кои се очекуваат кон крајот на март или почетокот на април.
Радев минатата недела објави дека Бугарија ќе одржи предвремени парламентарни избори откако водечките партии го отфрлија мандатот за формирање влада.
