Како што информираат медиумите, напаѓачот е во бегство. На местото на настанот се затекнати три починати лица – две жени и еден маж, а уште едно лице е однесено во болница поради сериозноста на неговата здравствена состојба
Три лица загинаа, а едно е повредено во пукање во град во австралиската држава Нов Јужен Велс, пренесува Асошиејтед прес.

Тамошната полиција информира дека екипите биле повикани по дојава за пукање.
На местото на настанот се затекнати три починати лица – две жени и еден маж, а уште едно лице е однесено во болница поради сериозноста на неговата здравствена состојба.
Како што информираат медиумите, напаѓачот е во бегство.
Полицијата ги повика граѓаните да ја избегнуваат областа каде што се случи пукањето, а локалните жители да останат во своите домови.
Пукањето се случи на денот кога Австралија се сеќава на 15-те лица убиени во Сиднеј за време на прославите на Ханука на 14 декември минатата година.
