Грција вчера беше погодена од интензивен дожд, грмотевици, ветрови и снежни врнежи од раните утрински часови, а екстремните временски услови се очекува да продолжат и денеска
Две лица загинаа во Грција во поплавите по обилните дождови што ги зафатија Атина и други делови на земјата.

Според извештаите на грчката противпожарна служба, 56-годишна жена починала откако била удрена од автомобил кој бил однесен од ненадејните поплави во јужното атинско предградие Глифада.
Претходно во текот на вчерашниот ден, 53-годишен полицаец од крајбрежната стража на пристаништето во Пелопонез паднал во морето додека се обидувал да врзе мал чамец на пристаништето, по што бил однесен од силниот ветер и разбрануваните морски води.
Грција вчера беше погодена од интензивен дожд, грмотевици, ветрови и снежни врнежи од раните утрински часови, а екстремните временски услови се очекува да продолжат и денеска. Шест региони се ставени во состојба на мобилизација, а повеќе домови низ целата држава се евакуирани како мерка на претпазливост.
