Како што рече Јаневска во денешното интервју за МРТ1, сите можни истражувања, и во светот и кај нас, кажуваат дека колку повеќе децата се во училишните клупи толку е поголем нивниот резултат, односно стекнуваат толку повеќе знаење, вештини, компетенции

Второто полугодие од учебната година започна денеска, откако зимскиот распуст не беше продолжен поради грипот. Министерката за образование и наука Весна Јаневска изразува задоволство што епидемиолошката состојба не го попречи образовниот процес.
Јаневска нагласи дека е среќна што бројките на заболени не се енормни и наставата продолжува навреме.
Како што рече Јаневска во денешното интервју за МРТ1, сите можни истражувања, и во светот и кај нас, кажуваат дека колку повеќе децата се во училишните клупи толку е поголем нивниот резултат, односно стекнуваат толку повеќе знаење, вештини, компетенции.
Според неа, македонските ученици до 15-годишна возраст поминуваат дури 900 часови помалку во училишните клупи во споредба со нивните врсници од Европската Унија, стандарди кои вели дека сакаме да ги достигнеме и во кој клуб сакаме да се приклучиме.
Министерката додава дека е потребен ред во образованието и кај повозрасните, нагласувајќи дека повеќе време во училиште директно значи подобри вештини и знаења.
„Нашите ученици и онака поминуваат помалку часови на настава. Сите истражувања покажуваат дека колку повеќе децата се во училишните клупи, толку е поголем нивниот резултат и стекнатото знаење“,
изјави Јаневска.
Учениците се вратија на настава по редовниот тринеделен одмор.
Министерката за образование и наука Весна Јаневска преку објава на социјалните мрежи им посака среќа и успех на учениците, но и на наставниците во второто полугодие.
