Според УХМР, денеска и утре преку ден времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури, а од утревечер и во среда се очекуваат повремени врнежи, главно од снег
По облачното и студено утро, во текот на денот времето ќе биде сончево и до умерено облачно – најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од североисток.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 1 до -10, додека максималните ќе се искачат од -1 до 6 Целзиусови степени.
Времето во Скопје ќе биде сончево и умерено облачно и ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Температурите ќе се движат од -7 до 4 степени.
Според најавата на УХМР, денеска и утре преку ден времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури, а од утревечер и во среда се очекуваат повремени врнежи, главно од снег. В четврток и в петок ќе биде претежно облачно со сончеви периоди, а во деновите од претстојниот викенд повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.
