Без парно греење се жителите на Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда. Екипите се на терен, работат на лоцирање на дефектот и негово изолирање, со цел воспоставување нормална испорака на топлинска енергија, информираат од „ЕСМ снабдување со топлина“
Дефект на дистрибутивната мрежа предизвика прекин во испораката на топлинска енергија во повеќе скопски општини, информираат од „ЕСМ снабдување со топлина“. Без парно греење се потрошувачите од Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда.
„Екипите на ‘ЕСМ дистрибуција на топлина“ се на терен со цел точно лоцирање на дефектот и негово изолирање, со цел воспоставување на нормална испорака на топлинска енергија“,
се наведува во објавата.

За дополнителни информации, како што се наведува, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400 100.
