До утре ќе се задржи стабилното и потопло време, а во деновите од викендот ќе има зголемена облачност и повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег
Сончево со мала до умерена локална облачност – најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за времето денеска. Според прогнозата, во одделни котлини ќе има услови за утринска магла. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од запад и северозапад.

Минималните температури ќе се движат во интервал од -1 до -6, додека максималните ќе се искачат од 6 до 14 Целзиусови степени.
Времето во Скопје ќе биде сончево со мала локална облачност. Во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Температурите ќе се движат од минимални -5 до максимални 9 степени.
Според најавата на УХМР, до утре ќе се задржи стабилното и потопло време, а во деновите од викендот ќе има зголемена облачност и повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневните температури повторно ќе бидат во опаѓање.
