Опозицискиот СДСМ претходно обвини дека сопственикот на фирмата „Пирамид билдинг солушнс“, која од општините каде што ВМРО-ДПМНЕ има градоначалници добила вкупно 51 тендер, бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ
Дали човек смее да има фирма, да учествува на тендер и да биде член или симпатизер на политичка партија – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако СДСМ обвини дека фирмата „Пирамид билдинг солушнс“, која од општините каде што ВМРО-ДПМНЕ има градоначалници добила вкупно 51 тендер, е поврзана со владејачката партија.

Според СДСМ, сопственик на фирмата е извесен Петар Доновски, кој бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ на Избирачко место 2680 во Аеродром, а во оваа општина неговата фирма добила вкупно 22 тендери.
Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека сите тендери и јавни набавки се законски, отчетни и траснпарентни – и додаваат:
„Ги прашуваме СДС, дали човек смее да има фирма/бизнис, да учествува на тендер/набавка и да биде член/симпатизер на политичка партија? Дополнително, дали има некаков вид на криминал или корупција во тендерите? Ако се сомневаат во нешто, нека се јават на нивните обвинители и судии, сигурни сме дека ќе им помогнат.“
