За утре се најавува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер

Денеска времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, се вели во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Утринската температура ќе биде од минус 10 до минус три Целзиусови степени, а дневната од четири до 10 степени.
Во Скопје, според синоптичарите, времето денеска ќе биде сончево и тивко со умерена облачност. Температурата ќе се движи од минус шест степени наутро до седум во текот на денот.
За утре се најавува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе се движи од четири до 12 степени.
Според најавите од УХМР, во деновите од викендот ќе има зголемена облачност со услови за слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање.
