Мајката и синот почнале расправија околу лекувањето на осомничениот, по што тој во еден момент зел нож од кујната и ѝ нанел повеќе убодни рани на мајка си во главата и вратот
Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе истрага и побара притвор за маж од Богданци кој на 11 јануари при вршење семејно насилство, на свиреп начин ја убил сопствената мајка.

Во станот на Богданци каде што живееле под закуп, мајката и синот почнале расправија околу лекувањето на осомничениот, по што тој во еден момент зел нож од кујната и ѝ нанел повеќе убодни рани на мајка си во пределот на главата и вратот.
„Бидејќи ножот се скршил, зел ножици и со нив продолжил да ѝ задава убоди, па откако и тие се свиткале од кујната зел друг нож за сечење зеленчук со шилест дел со кој ја прободел во вратот“,
наведуваат од Обвинителството.
Од бројните нанесени убоди, жената искрвавила и починала.
