Лицето било приведено и изведено пред Основен суд Крива Паланка, од каде што му е изречена парична глоба и „протерување странец од земјата“ во траење од една година

Бугарски државјанин вчера бил приведен откако полицијата на граничниот премин „Деве Баир“ кај него пронашла боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), случајот се случи вчера околу 13:30 часот. При контрола на влез во земјава, полициските и царинските службеници извршиле детален преглед на патничко возило „хонда џез“ со бугарски таблички, управувано од 47-годишниот Н. И. Л.
При претресот, во возилото биле откриени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Лицето било приведено и изведено пред Основниот суд Крива Паланка, од каде што му е изречена парична глоба и „протерување странец од земјата“ во траење од една година.
Од МВР велат дека ноќеска, во 2:10 часот, Н. И. Л. под полициска придружба е спроведен до границата и предаден на бугарските погранични служби.
