За нов шеф на воената разузнавачка служба, украинскиот претседател соопшти дека ќе го назначи актуелниот прв човек на службата за надворешно разузнавање, Олех Ивашченко, додека, пак, нов министер за одбрана ќе биде досегашниот прв вицепремиер Михаил Федоров
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска најави кадровски промени во својот кабинет објавувајќи ги имињата на државните службеници што ги предлага за нов министер за одбрана, шеф на кабинет и за директор на воената разузнавачка служба на земјата, пренесоа светските медиуми.

Станува збор за актуелни носители на високи позиции во одбранбениот сектор, од кои дел ќе бидат унапредени во кадровските смени што ги предлага украинскиот претседател.
Зеленски во своето вечерно обраќање соопшти дека за нов министер за одбрана го предлага актуелниот прв вицепремиер Михаил Федоров, кој треба да дојде на местото на Денис Шмихал, кому, пак, му е понудена нова позиција во украинската влада.
За нов шеф на воената разузнавачка служба, украинскиот претседател соопшти дека ќе го назначи актуелниот прв човек на службата за надворешно разузнавање, Олех Ивашченко.
Актуелниот дитректор на воената разузнавачка служба (ГУР/ХУР), Кирил Буданов, пак, како што соопшти Зеленски, ќе ја заземе моќната позиција шеф на неговиот кабинет.
„Денес започнавме значајна реконструкција – внатрешни промени за да ја направиме Украина поотпорна“,
напиша Зеленски на платформата Икс.
Today, we have begun a substantial overhaul – internal changes to make Ukraine more resilient.
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) January 2, 2026
Last year, there were good results from state institutions that need to be scaled up, as well as problems that should not carry over into the new year. Therefore, a wave of personnel… pic.twitter.com/wcqTagybnP
Триесет и деветгодшниот Буданов ќе го замени долгогодишниот близок соработник на Зеленски, Андриј Јермак, кој поднесе оставка во ноември поради корупцискиот скандал во енергетскиот сектор што предизвика бурни реакции меѓу украинската јавност.
Инаку, Јермак беше главен преговарач на Украина во мировните разговори посредувани од Соединетите Американски Држави (САД) за ставање крај на војната со Русија. Иако не беше меѓу осомничените за корупцискиот скандал тежок 100 милиони долари, Јермак сепак беше принуден да даде оставка од моќната позиција шеф на кабинет на украинскиот претседател.
Буданов, кој е предложен за негов наследник, е на чело на воената разузнавачка служба на Украина од август 2020 година и на позицијата беше назначен од Зеленски.
„Во овој момент Украина треба да се фокусира на безбедносните прашања“,
наведе Зеленски во објавата на социјалните мрежи, објавувајќи фотографија од средбата со Буданов во Киев, пренесе Би-би-си.

Инаку, воената разунавачка служба на Украина – ГУР/ХУР, на чело со Буданов, јавно ја презеде одговорноста за серијата успешни напади врз Русија, внатре во нејзината територија.
Од руската инвазија на 24 февруари 2022 година, тој учествувал и во размена на затвореници меѓу Украина и Русија, а беше и претседател на телото за координација на третманот на воените затвореници.
