Автобусите од петок ќе возат по редуциран делничен зимен ред, кој ќе трае се до завршувањето на зимскиот училиштен распуст

За време на празничните денови, ЈСП „Скопје“ информира за промени во возниот ред на автобусите, работното време на билетарниците и функционирањето на жичницата на Водно.
Јавниот превоз утре ќе се одвива по редовен зимен возен ред.
На 1 јануари автобусите ќе возат по неделен возен ред, со тоа што првите вклучувања на возилата на ЈСП и на приватните превозници ќе бидат подоцна од вообичаеното.
Од петок, 2 јануари, започнува редуциран делничен зимен ред, кој ќе трае се до завршувањето на зимскиот училиштен распуст.
Билетарниците на ЈСП утре ќе работат со скратено работно време. Шестте центри за персонализација и билетарниците кај Зелен пазар, Бутел кај пазарот и во Ѓорче Петров ќе работат до 16 часот, а останатите билетарници ќе работат само прва смена до 14 часот.
Во четврток дежурни ќе бидат центарот за персонализација на Транспортен центар и тој ќе работи од 11 до 17 часот, а во истото време ќе биде отворена и билетарницата кај жичницата на Водно.
Од ЈСП „Скопје“ велат дека од петок билетарниците и центрите за персонализација продолжуваат со вообичаено работно време.
Утре, жичницата ќе работи од 10 до 15 часот, а на 1 јануари од 11 до 17 часот. Последното возење од долу кон врвот и од врвот надолу е во 16:30 часот.
