Прекинот се очекува да трае до доцните попладневни часови, по што сите дигитални услуги на УЈП повторно ќе бидат достапни за корисниците

Управата за јавни приходи (УЈП) ги извести дека денеска, со почеток од 16 часот, ќе има привремен прекин во функционирањето на електронските услуги.
Според официјалното соопштение од Управата, прекинот се очекува да трае до доцните попладневни часови, по што сите дигитални услуги на УЈП повторно ќе бидат достапни за корисниците.
Од Управата за јавни приходи упатуваат апел до сите даночни обврзници за трпение и разбирање додека трае прекинот.
