Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница во Кавадарци
Пешак од Кавадарци на возраст од 93 години е тешко повреден откако во него удрил автомобил марка „југо“, информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес.
Увид на местото на несреќата извршија екипи на Одделението за внатрешни работи (ОВР) – Кавадарци.

„Вчера во 14:20 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на улицата ‘Мито Хаџи Василев‘ во градот, патничко возило марка ‘југо‘ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Ц.П. (58) удрило во 93-годишен печак Д.К. од Кавадарци“,
пишува во полицискиот билтен.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница во Кавадарци.
Како што информираат од велешката болница, се преземаат мерки за расчитување на случајот.
