Очекувањата на Министерството за правда и на Собранието се дека работната група за Изборниот законик би почнала со работа во втората половина на јануари
Парламентарните партии, независните групи и пратениците да номинираат по двајца претставници за работната група за Изборниот законик. Ваков допис денеска доставило Министерството за правда до Собранието, додавајќи дека работната верзија на Изборниот законик ќе биде доставена до пратениците кои по консултации во матичните партии треба да достават предлози до работната група.

Очекувањата и на Правда и на Собранието се дека претставниците во работната група би почнала со работа во втората половина на јануари.
Министерот за правда Игор Филков минатата недела оствари средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши, и со координаторите на пратеничките групи, на која беше договорено Министерството за правда до втората половина на јануари, да формира работна група која ќе пристапи кон подготовка на нов ИЗ. Во работната група ќе бидат вклучени по двајца претставници од парламентарните партии, како и независните пратеници.
За носењето на ИЗ, од Правда очекваат поддршка и широк политички консензус од сите политички партии.
