Со возило на Итната медицинска помош е пренесен во Општата болница во Струга, каде што му се констатирани тешки телесни повреди
Повреден четириесетгодишен маж од Охрид е пронајден во паркирано возило во струшкото село Ливада, информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид.

„Рано утрово во 02:37 часот во Одделението за внатрешни работи (ОВР) Струга е пријавено дека во паркирано возило марка ‘голф‘, со охридски регистарски ознаки во струшкото село Ливада со повреди по телото е пронајден Џ. Д. П. (40) од Охрид“,
пишува во полицискиот билтен.
Со возило на Итната медицинска помош е пренесен во Општата болница во Струга, каде што му се констатирани тешки телесни повреди.
Како што информираат од СВР Охрид, се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
