„Како класичен петоколонаш и квислинг, Деспотовски продолжи со нападите на СДСМ. Јавноста и членовите гледаат дека ова е продолжение на планот на предавничката коалиција ВМРО и ЗНАМ за напади и уривање на СДСМ. И тоа не во било кој момент туку кога партијата се стабилизираше, напредуваше и доби голема поддршка од јавноста за борбата против криминалот и корупцијата на ВМРО и ЗНАМ“, велат од СДСМ
Откако членот на СДСМ, Јован Деспотовси, побара неговата матична партија да објави докази за негова наводна соработка со ВМРО-ДПМНЕ, оттаму порачаа дека доказите веќе ги објавиле, алудирајќи на текстови објавени на порталот на новинарот Бранко Героски кои, како што велат, се против СДСМ и во одбрана на Деспотовски.

„Како класичен петоколонаш и квислинг, Деспотовски продолжи со нападите на СДСМ. Јавноста и членовите гледаат дека ова е продолжение на планот на предавничката коалиција ВМРО-ЗНАМ за напади и уривање на СДСМ. И тоа не во било кој момент туку кога партијата се стабилизираше, напредуваше и доби голема поддршка од јавноста за борбата против криминалот и корупцијата на ВМРО-ЗНАМ и договорите ‘мигранти за пари’“,
велат од СДСМ.
Оттаму повторно го обвинија Деспотовски за соработка со власта заради личен интерес.
„Партијата отсекогаш била место за разговор, СДСМ е позната по внатрешната демократија, а не напаѓање преку медиумите. Политички фронт сега е јасен. Тој е со ВМРО- ЗНАМ и со координаторот на медиумските напади, Геро, против СДСМ! Се обидоа да ја дестабилизираат партијата но не успеаја. Разоткриени се целосно“,
велат од СДСМ.
Деспотовски вчеравечер во интервју за Сител побара партијата јавно да објави докази за неговата наводна соработка со владејачката ВМРО-ДПМНЕ за разнебитување на партијата, а во спротивно најави дека ќе иницира правна постапка во рамки на СДСМ и ќе бара одговоност за јавно искажан збор и за валкање на неговиот образ.
