Според Управата за хидрометеоролошки работи, во наредите денови земјава ќе биде под влијание на студена воздушна маса која утре ќе донесе засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да биде под нулата
Денеска времето во претпладневните часови ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне и кон крајот на денот се очекува облачноста да се зголеми и да има услови за слаб локален снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ветерот ќе биде слаб до умерен и ќе дува од северен правец.

Утринската температура ќе се движи во интервал од минус пет до нула Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од три до 11 степени.
Во Скопје, според синоптичарите, се очекува слично време, претпладне сончево, а попладне со зголемена облачност. Дневната температура во главниот град ќе се искачи 10 Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, во наредите денови земјава ќе биде под влијание на студена воздушна маса која утре ќе донесе засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да биде под нулата. В четврток, исто така, ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок се очекува ветрот да го смени правецот во јужен и да донесе услови за слаб дожд и снег на планините.
За време на претстојниот викенд, прв во новата година, ќе биде претежно сончево, со пораст на температурата.
