Трамп и Зеленски вчера се сретна во Флорида за да разговараат за планот за ставање крај на војната во Украина
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, информира дека заедно со уште неколку европски лидери синоќа разговарале со претседателите на САД и на Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски.

„Имавме добар едночасовен разговор за нивниот состанок за мировните преговори. Имаше добар напредок, што го поздравивме“,
објави Фон дер Лајен на Икс.
Таа во објавата додаде дека Европа е подготвена да продолжи да работи со Украина и нејзините американски партнери за да го консолидира овој напредок.
„Најважно за овој напор е да се имаат цврсти безбедносни гаранции од првиот ден“,
додаде Фон дер Лајен во објавата.
Трамп и Зеленски вчера се сретна во Флорида за да разговараат за планот за ставање крај на војната во Украина. На прес-конференцијата одржана по завршување на средбата доцна синоќа, двајцата лидери истакнаа дека е постигнат напредок кон мировен договор меѓу Украина и Русија.
