Трката е традиционална, но уникатноста годинава е во рекордниот број учесници. Највозрасниот Дедо Мраз имаше 73 години, а најмладите беа бебиња помали од една година, придружувани од своите родители

Над 800 Дедомразовци создадоа незаборавна глетка на плоштадот Македонија во Скопје. Таму денеска се одржа Дедомразовска трка 2025. Оваа манифестација по 11. пат го обои плоштадот во црвена и бела боја, а новогодишното расположение се гледаше на лицата и на учесниците и на посетителите.

Трката е традиционална, но уникатноста годинава е во рекордниот број учесници. Највозрасниот Дедо Мраз имаше 73 години, а најмладите беа бебиња помали од една година, придружувани од своите родители.

Стартот и целта традиционално беа поставени на плоштадот. Патеката од околу два километри се протегаше низ центарот на градот. Трчаа и професионалци и почетници, како и многу расположени ентузијасти.
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук напиша дека за него најмалиот учесник, стар само половина годинка, е апсолутниот победник и најубавиот симбол на надежта и иднината.
