Белата куќа не издаде посебно соопштение во врска со ова, но во распоредот за викендот што го испрати до медиумите, го прецизира времето за средбата помеѓу Трамп и Зеленски за недела во 15 часот, пренесува „Њујорк тајмс“
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски утре на Флорида, соопшти Белата куќа.

Според распоредот на американскиот претседател, билатералните разговори ќе се одржат во 15 часот по локално време во Палм Бич, Флорида.
Белата куќа не издаде посебно соопштение во врска со ова, но во распоредот за викендот што го испрати до медиумите, го прецизира времето за средбата меѓу Трамп и Зеленски за недела во 15 часот, пренесува „Њујорк тајмс“.
Повеќе детали не се соопштени. Зеленски овој состанок го најави вчера на социјалните мрежи.
Тој рече дека во таа пригода ќе претстави нов план од 20 точки за завршување на војната, кој вклучува предлог за демилитаризирана зона, а главен фокус на средбата ќе бидат безбедносните гаранции за Украина.
Американскиот претседател Доналд Трамп, пред очекуваната средба со Зеленски, за „Политико“ изјави дека украинскиот претседател „нема ништо додека јас не го одобрам“.
Во интервјуто, како што пишува „Политико“, Трамп бил умерен во врска со последниот предлог на Зеленски и не побрзал да даде поддршка.
Според „Политико“, Трамп очекува наскоро да разговара со рускиот лидер „колку што сака“.
