Оттаму нагласуваат дека нападите ги немало во изминатата година и половина и започнале токму сега кога Антикорупцискиот тим на СДСМ (АКТ) ги открил и ги објавил криминалните тендери

Во момент кога СДСМ преку Антикорупцискиот тим систематски ги отвора и разобличува криминалните тендери, коруптивните зделки и предавствата на актуелната власт, ВМРО-ДПМНЕ активира организирана и координирана операција за уривање на СДСМ одвнатре, велат од најголемата опозициска партија.
Оттаму нагласуваат дека нападите ги немало во изминатата година и половина и започнале токму сега кога Антикорупцискиот тим на СДСМ (АКТ) ги открил и ги објавил криминалните тендери.
„161 тендер за една фирма вредни 5,3 милиони евра, 9 милиони евра за друга фирма со двајца вработени, милионски тендери за студент на Мицкоски за само два месеци. Затоа ВМРО сака да ја урива СДСМ одвнатре. Се работи за синхронизирана акција која ја води ДПМНЕ, а во која како на далечинско се активирани поранешни функционери, лица кои со години не биле присутни во јавноста, како и поединци кои одамна ја напуштиле СДСМ и се приклучиле кон предавнички структури и коалборанти на ВМРО- ЗНАМ. СДСМ нема да биде замолчена. Сценаријата за рушење на СДСМ нема да ви успеат“,
порачаа од СДСМ.
Од партијата потенцираат дека АКТ ќе продолжи со работа.
„Граѓаните ни се приклучија во борбата за правда. На дигиталната платформа ‘МИЦКО.мк’ секојдневно пристигнуваат нови пријави. Вистината веќе излезе на виделина и назад нема. Нема да нè замолчите, нема да нè спречите“,
децидни се од СДСМ.
