Од 12 часот подобрените временски услови овозможиле три патнички авиони да слетаат на аеродромот, еден да полета, а три, исто така, се подготвени да ја напуштата пистата, информирале од компанијата ТАВ Македонија за државната новинска агенција МИА
Густата малга што денеска ја окова скопската котлина проблеми со авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром „Скопје“. Поради намалена видливост до 14 часот на аеродромот биле откажани пет лета, два се пренасочени, додека кај шест има доцнење.

Од 12 часот подобрените временски услови овозможиле три патнички авиони да слетаат на аеродромот, еден да полета, а три, исто така, се подготвени да ја напуштата пистата, информирале од компанијата ТАВ Македонија за државната новинска агенција МИА.
Од компанијата која стопанисува со скопскиот аеродром велат дека временските услови постојано се менуваа и апелираат до сите патници да ги следат насоките што им ги дава нивната авиокомпанија во однос на нивните летови.
„Денеска, 20 декември 2025, од 00:00 часот до 14 часот, на Меѓународниот Аеродром ‘Скопје’ има пет откажани летови, два пренасочени летови и шест летови со доцнење, како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина. Од 12 часот временските услови се подобрија, така што три лета пристигнаа (од Дортмунд, Истанбул и Париз), едн лет полета (за Истанбул), а три лета се подготвени да полетаат (за Осло, Љубљана и Баден-Баден)“, велат од ТАВ Македонија.
Маглата, што го зафати денеска Скопје го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, каде, според податоците од официјалната веб страница, има откажани и летови што се реализираат со задоцнување, додека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози, но со намалена видливост на одредени патни правци.

Дополнително, денеска во претпладневните часови Скопје се најде меѓу најзагадените градови во светот. Според светскиот сервис „Ај-кју ер“ (IqAir), главниот град на земјава беше на 20. место во светот, а втор во Европа по загаден воздух.
