Новата малопродажна цена на еуросупер БС-95 е 71 денар за литар, а еуросупер БС-98 ќе се продава 73 денари. Еуродизел БС (Д-Е В) и понатаму ќе чини 66,5 денари за литар, екстралесното масло за домаќинството (ЕЛ-1) 65,5 денари, а мазут М-1 НС 32,635 денари за килограм
Од полноќ поевтинуваат бензините за два денари по литар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Цената на дизел-горивата и на мазутот останува иста.

Новата малопродажна цена на еуросупер БС-95 е 71 денар за литар, а еуросупер БС-98 ќе се продава 73 денари. Еуродизел БС (Д-Е В) и понатаму ќе чини 66,5 денари за литар, екстралесното масло за домаќинството (ЕЛ-1) 65,5 денари, а мазут М-1 НС 32,635 денари за килограм.
Според РКЕ, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 6,021 отсто, кај дизелот за 3,929, кај екстралесното масло за 3,168 и кај мазутот за 0,401 отсто.
