Оваа авиолинија уште во јули годинава ја најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, објавувајќи дека е потпишан Договор за пет нови дестинации што ќе оперираат од скопскиот аеродром, односно дека од ноември од Скопје ќе се лета до Мадрид и Стокхолм, а од декември до Прага, Бари и Келн
На Меѓународниот аеродром „Скопје“ од денеска стартува новата авиолинија од Скопје до Прага на авиокомпанијата „Визер“. Новитетот е дел од пакетот проширувања што го најави Владата уште летоска.
Првиот лет од Скопје до Прага денеска официјално ќе биде промовиран, а ќе се реализира трипати во неделата, односно во понеделник, среда и петок.

Оваа авиолинија уште во јули годинава ја најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, објавувајќи дека е потпишан Договор за пет нови дестинации што ќе оперираат од скопскиот аеродром, односно дека од ноември од Скопје ќе се лета до Мадрид и Стокхолм, а од декември до Прага, Бари и Келн.
Со тоа, според него, новите авиолетови ќе значат повеќе туристи во Македонија, повеќе бизнис и повеќе можности за сите граќани во државата.
На денешниот настан, покрај генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Неџат Курт, ќе присуствуваат и чешкиот амбасадор Јарослав Лудва, раководителот за комуникации во „Визер“, Андраш Радо и министерката за енергетика, рударство и минерални сурвини, Сања Божиновска.
