Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 11 декември 2025 г. на МРТ 1
Во новата епизода на „360 степени“ донесуваме:
– и официјално – „Безбеден град“ и „Безбедна држава“ ќе почнат од 1 февруари, а не од 1 јануари; проверивме дали и како функционираат камерите на скопската обиколница, автопатите и во Тетово и Куманово;
– каде забави брзата пруга – ветен за есенва, стартот на градба сега се најавува за следната; од Транспорт се на став дека нема пролонгирање на проектот;
– што прави државава за да ја спаси домашната челична индустрија од новите ограничувачки мерки на Европската Унија;
– може ли и како судството и јавното обвинителство да добијат повеќе пари по јавната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека е подготвен на тоа.;
– „Саботажа“.
