Директорот на „МЖ – Инфраструктура“, Синиша Ивановски, вели дека билбордите го нарушуваат автентичниот изглед на железничката станица

Отстранет е првиот билборд, но ќе следува демонтажа и на сите останати билборди, светлосни и информативни реклами на скопската железничка станица, објави директорот на „МЖ – Инфраструктура“, Синиша Ивановски.
Тој вели дека целта е да се ослободи просторот и да се врати оригиналниот изглед, оти билбордите со години наназад го нарушуваат автентичниот изглед на железничката станица.
„Ова ќе биде фазен процес кој ќе заврши со генерално чистење на надворешниот изглед на станицата како и соодветна илуминација. Благодарност до одговорните компании кои ја сфатија важноста на овој процес и се согласија за отстранување на нивните билборди“,
вели Ивановски.
