Под влијание на висок воздушен притисок, од утре времето ќе биде стабилно и релативно топло. Во претпладневните и вечерните часови по одделни котлини ќе има појава на магла и таму температурата ќе остане пониска

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а претпладне по одделни котлини ќе има магла. Синоптичарите најавуваат слаб локален дожд во северозападните региони. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната од 10 до 15 Целзиусови степени.
Во Скопје, претпладне, во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Под влијание на висок воздушен притисок, од утре времето ќе биде стабилно и релативно топло. Во претпладневните и вечерните часови по одделни котлини ќе има појава на магла и таму температурата ќе остане пониска.
