По состанокот на американските претставници и рускиот претседател Владимир Путин во Москва, украинскиот претседател Володимир Зеленски објави планови за нови разговори меѓу украински и американски претставници
Крајот на војната во Украина треба да биде во согласност со меѓународното право, изјави вчера генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

„Верувам дека сè уште сме далеку од решение“,
рече Гутереш на конференцијата „Ројтерс некст“ во Њујорк.
Гутереш додаде дека САД одиграле клучна улога во отстранувањето на пречките за испорака на помош во Појасот Газа.
Тој посочи дека постојат силни причини да се верува оти во војната меѓу Израел и палестинските милитанти од Хамас се извршени воени злосторства.
Во однос на американските напади врз бродови во близина на Венецуела, Гутереш оцени дека тие не се во согласност со меѓународното право.
По состанокот на американските претставници и рускиот претседател Владимир Путин во Москва, украинскиот претседател Володимир Зеленски објави планови за нови разговори меѓу украински и американски претставници.
Тој додаде дека Украина очекува вести за состаноците во следните неколку дена.
Разговорите ќе ги водат секретарот на Советот за национална безбедност на Украина, Рустем Умеров и началникот на Генералштабот, Андриј Хнатов, рече украинскиот претседател.
Зеленски го опиша напредокот на процесот како доста добар, осврнувајќи се на претходните дискусии во Женева и Флорида за планот на САД за потенцијално завршување на војната во Украина.
