Високи американски функционери сигнализираа дека ќе следува заострување на ограничувањата за имиграција, по минатонеделниот инцидент во кој двајца припадници на Националната гарда беа ранети во пукање за кое е осомничен авганистански државјанин
Соединетите Американски Држави ги запреа апликациите за имиграција за граѓани од 19 земји, вклучувајќи го и Авганистан, со што се продлабочи сеопфатната национална репресија на САД врз миграцијата.

Според меморандумот, властите ја паузираа обработката на зелени карти и апликации за државјанство за луѓе од 19 неевропски земји што веќе беа предмет на делумни ограничувања кои претседателот на САД, Донал Трамп, ги објави уште во јуни годинава. Во листата се вклучени Авганистан, Бурма, Чад, Конго, Еритреја, Хаити, Иран, Либија, Сомалија, Судан, Јемен, Венецуела, Бурунди, Куба, Лаос, Сиера Леоне, Того, Туркменистан и Венецуела.
Високи американски функционери деновиве сигнализираа дека ќе следува заострување на ограничувањата за имиграција, по минатонеделниот инцидент во кој двајца припадници на Националната гарда на САД беа ранети во пукање за кое главен осомничен е авганистански државјанин.
Според информациите, осомничениот напаѓач дошол во САД во 2021 година како дел од програмата на поранешниот претседател Џо Бајден за преселба на илјадници Авганистанци кои им помогнале на САД за време на војната во Авганистан.
