Оттаму појаснуваат дека досегашното постапување на Уставниот суд во врска со линеарното зголемување на пензиите не значи укинување или измена на актуелните законски одредби
Исплатата на пензиите се одвива редовно и без промени, согласно важечките законски одредби, информираат од Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Оттаму појаснуваат дека досегашното постапување на Уставниот суд во врска со линеарното зголемување на пензиите не значи укинување или измена на актуелните законски одредби.
„Сите законски решенија остануваат во сила до донесување конечна одлука од Судот. Апелираме до пензионерите да не подлегнуваат на дезинформации и шпекулации. Каква било евентуална промена во законската рамка ќе биде навремено и транспарентно соопштена“,
информираат од Министерството за социјална политика, демографија и млади.
По вчерашниот протест на пензионерите против можноста за укинување на линеарното зголемување на пензиите, Уставниот суд информира дека не е донесена конечна одлука во врска со предметот. Оттаму укажаа дека на седницата одржана на 19 ноември, Судот со мнозинство гласови изразил сомнеж за уставноста на членот 2 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, но дека сè уште во тек е втората фаза од постапката во која се бараат мислења од доносителот и од предлагачите на Законот.
