Му наложив на одделот за справување со непријателот решително да ја спроведе следната акција, изјави Ким Јо-џонг
Северна Кореја ќе преземе „акции“ против Јужна Кореја, што ќе им ги довери на своите војници да ги спроведат, се закани денеска Ким Јо-џонг, влијателната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
„Чувствувам дека е крајно време на секаков начин да се разделиме со јужнокорејските власти. Наскоро ќе преземеме натамошни активности“,
истакна таа во остар став кон Сеул, пренесува МИА.
Од минатата недела, Пјонгјанг издаде серија ужасни осуди кон Сеул поради активисти со испраќање летоци против Северна Кореја преку границата, нешто кое дезертерите го прават редовно.
„ Извршувајќи го своите обврски, за кои имам надлежност од врховниот лидер, нашата партија и државата, му наложив на одделот одговорен за справување со непријателот решително да ја спроведе следната акција,
изјави Ким Јо-џонг, која му е клучен советник на својот брат.
Таа додаде дека „правото да се преземат дополнителни активности против непријателот ќе му биде доверено на Генералштабот.
Ким Јо-џонг не прецизираше какви ќе бидат воените дејствија, но се чини дека се заканува со уништување на Заедничката канцеларија за врски во пограничниот град меѓу двете земји, Кесон, пренесува МИА.
„Наскоро ќе се види трагична сцена во бескорисната канцеларија за врски Север-Југ, која целосно се распадна“,
рече таа во својата изјава.
