Повикот уследи по синоќешните масовни протести во Софија и неколку други градови во Бугарија на кои граѓаните го изразија незадоволството во врска со буџетот за 2026 година
Бугарскиот претседател Румен Радев повика владата на Бугарија да поднесе оставка, а во земјата да се одржат предвремени парламентарни избори. Повикот уследи по синоќешните масовни протести во Софија и неколку други градови во Бугарија на кои граѓаните го изразија незадоволството во врска со буџетот за 2026 година.

Синоќешните протести тој ги окарактеризира не како судир помеѓу полицијата и демонстрантите туку, како што што рече, како провокација од страна на мафијата која има цел да се соочи со нив.
Од друга страна, рече дека провокациите не го менуваат фактот оти Бугарите ѝ рекле „не“ на актуелната влада.
„Ова не е судир меѓу полицијата и демонстрантите, туку провокација од страна на мафијата, која има за цел да се соочи со нив. Насилството мора да престане. Ги повикувам сите да се придржуваат до законот. Провокациите не го менуваат фактот: Бугарите рекоа ѝ НЕ на оваа влада. Има само еден излез – оставка и предвремени избори“,
напиша Радев во објава на Фејсбук.
Синоќешниот масовен протест во Софија против предлог-буџетот за 2026 година ескалира со судир на демонстрантите со полицијата пред канцелариите на партиите кои се дел од власта.
