Во Софија протестот ескалишаше со судир на демонстрантите со полицијата пред канцелариите на владејачките партии. Таму се фрлаа камења, шишиња и петарди кон полицијата
Во Софија, како и во неколку бугарски градови, илјадници луѓе се собраа на протест против буџетот за 2026 година, првиот што ќе биде подготвен во евра, пред планираното воведување на европската валута на 1 јануари.

Протести имаше и во Варна, Бургас, Русе, како и во Пловдив, каде демонстрантите упатија пароли за оставки на власта, поголема транспарентност и дијалог во носењето на економските политики.
Во Софија протестот ескалишаше со судир на демонстрантите со полицијата пред канцелариите на владејачките партии. Таму се фрлаа камења, шишиња и петарди кон полицијата.
Како што пренесуваат бугарските медиуми, протести се најавуваат и следните денови, се додека не се земат в предвид барањата на демонстрантите.
По претходните протести на 28 ноември, малцинската влада на Росен Жељазков вети дека повторно ќе го поднесе предлог-буџетот до парламентот за да се овозможи повеќе време за разговори со опозицијата, синдикатите и работодавачите.
Парламентарната комисија го усвои нацрт-буџетот на прво читање на 18 ноември.
Од опозицијата велат дека со протестите се изразува незадоволство од буџетот, однодно против плановите на владата да ги зголеми придонесите за социјално осигурување и данокот на дивиденда за покривање на повисоките владини трошоци, но и поради широко распространетата корупција во земјата.
Околу половина од граѓаните на Бугарија се противат на преминот кон еврото, плашејќи се дека тоа ќе го загрози националниот суверенитет и дека трговците ќе ја искористат промената од левови во евро за да ги зголемат цените.
Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард предупреди дека инфлацијата може да се зголеми откако Бугарија ќе се приклучи на еврозоната.
Today #Bulgaria protests! Thousands of Bulgarians are in front of parliament and demand the resignation of the government. 🙌🏼 pic.twitter.com/KXDYYrEzJJ
— NessieK (@NbK1808) December 1, 2025
