Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (27 ноември 2025 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во ова издание на емисијата донесуваме:
– МВР набавува униформи за редовната полиција – бевме на отворањето на понудите и објавуваме кои фирми конкурираат и со какви почетни цени;
– Можен ли е пробив во македонските евроинтеграции и има ли консензус меѓу земјите членки на Европската Унија за прием на нови – интервју со шведската министерка за ЕУ, Јесика Росенкранц;
– Што покажа невладиниот мониторинг за (зло)употреба на административни ресурси во кампањата за локалните избори во 26 општини;
– Месец и половина по локалните избори, сè уште има општински совети во кои ниедна партија или коалиција нема договор за мнозинство;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.
