Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде 5 степени, а максималната 9 Целзиусови степени

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од УХМР.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 3 до 8 степени, а максималните од 6 до 11 Целзиусови степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минамалната температура ќе биде 5 степени, а максималната 9 Целзиусови степени.
Во наредните денови од УХМР најавуваат претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
