Возачот е затекнат на местото на сообраќајката, а пешакот со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје за укажување на помош
Сообраќајна несреќа се случи попладнево на улицата „Димитрие Чуповски“ пред Средното училиште „Јосип Броз Тито“ во центарот на Скопје, соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Пријавена е незгода меѓу патничко возило марка ‘хјундаи‘ со скопски ргистарски таблички, управувано од Б.М. и печак О.Д. (51) од Скопје.“,
се вели во полицискиот извештај.
На местото на настанот веднаш се упатија полициски екипи, каде што го затекнаа возачот на возилото Б.М..
„Пешакот О.Д. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничкиот центар за укажување на помош“,
соопштија од МВР.
За случајот, како што велат од полицијата, е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На социјалните мрежи е објавена снимка од несреќата:
