Судот во Гостивар им одреди мерка забрана за влез во државата во времетраење од една година и парична казна
Полицијата приведе девет државјанки на Колумбија поради злоупотреба на туристичкиот престој во гостиварско, информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово.

Колумбијките се затекнати во угостителски објект во гостиварското село Добридол при извршена проверка од страна на полициски екипи. Покрај нив, на местото на настанот биле и четири македонски државјанки.
„Вчеравечер после полноќ во 01:30 часот во угоститлски објект во селото Добридол се затекнати 13 женски лица, меѓу кои девет државјанки на Колумбија и четири македонски државјанки. Поради злоупотреба на туристичкиот престој приведни се П.Ц.Д.М. (32), Д.Ј.Ј.Р. (28), Х.М.М.Л. (23), О.К.Е. (34), З.М.А.М. (24), Х.Б.К.В. (20), Ј.Н.В. (26), Л.С.Ј.Р. (26), П.М.М.М. (32), сите од Колумбија“,
се вели во полицискиот извештај од СВР Тетово.
Судот во Гостивар им одреди мерка забрана за влез во државата во времетраење од една година и парична казна.
