Од ЦУК апелираат на претпазливо движење покрај реките и суводолиците, а за оние што ќе патуваат следните денови се препорачува да имаат доволно гориво во резервоарите и соодветна зимска опрема бидјеќи е можно да се формираат навеви од снег и одредени патни правци во одредени периоди да бидат непроодни. Лицата кои живеат на повисоки места навремено да се снабдат со основни намирници (храна и лекови), апелира ЦУК
Состојбата со врнежи во земјава во моментот е стабилна, но според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) се очекува зголемување на водостојот во горниот дел од сливот на реките Вардар, Треска, Радика, Сатеска, Коселска, како и на водотеците во Охридско-Преспанскиот регион.

Зголемување на водостојот се очекува и на реката Лепенец, на водотеците и суводолиците кои доаѓаат од Шар Планина, како и во сливот на реките Пчиња и Струмица. Поради високото ниво на подземни води, на одредени места е можна интеракција со површинските води и појава на заезерување.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека побарале од единиците на локалната самоуправа да ги задолжат јавните претпријатија да ги проверат сите критични локации на кои е можно излевање или поплавување на реките.
Од ЦУК апелираат на претпазливо движење покрај реките и суводолиците, а за оние што ќе патуваат следните денови се препорачува да имаат доволно гориво во резервоарите и соодветна зимска опрема бидјеќи е можно да се формираат навеви од снег и одредени патни правци во одредени периоди да бидат непроодни. Лицата кои живеат на повисоки места навремено да се снабдат со основни намирници (храна и лекови), апелира ЦУК.
Во случај на опасност или потреба, граѓаните може да се јават на бесплатниот телефонски број за итни повици – 112 во ЦУК.
