Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, в четврток врнежите на планините ќе преминуваат во снег, а дневните температури ќе опаднат за 4 до 6 степени во споредба со утрешните
Под влијание на циклонска активност, од утре до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд.

Од УХМР најавуваат дека пообилни врнежи се очекуваат во текот на утрешниот ден и в четврток (над 25 л/м2 за 24 часа).
Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, в четврток врнежите на планините ќе преминуваат во снег, а дневните температури ќе опаднат за 4 до 6 степени во споредба со утрешните.
Стабилизирање на времето се очекува од недела.
