Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го повтори ставот на неговата влада дека е децидно против создавање палестинска држава, додека Хамас не се согласува во Газа да бидат распоредени меѓународни сили за стабилизација и организацијата да биде разоружана
Советот за безбедност на Обединетите нации го одобри предлог-планот на американскиот претседател Доналд Трамп за постигнување траен мир во Појасот Газа, кој, меѓу другото, вклучува и распоредување меѓународни сили и може пат за создавање суверена палестинска држава, пренесоа светските медиуми.

Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН е усвоена со 13 гласа „за“ и без ниту еден „против“, додека Кина и Русија беа воздражни.
Американскиот претставник во ОН, Мајк Валц, пред салата на Советот изјави дека со поддршката на планот се „трасира нов курс за Израелците и Палестинците на Блискиот Исток и за сите луѓе во регионот“.
Вклучувањето на рефернцеата за независна и суверена палестинска државата во резолуцијата, како што пишува „Гардијан“, е цената што САД ја прифатија „да ја платат“ за поддршката од арапските и муслиманскиот свет, од кои се очекува да обезбедат мировници за меѓународните сили за стабилизација (ИСФ), што според планот, се планира да бидат распоредени во Газа.
Во пресрет на гласањето во ОН, изралескиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, го повтори противењето на неговата влада за создавање палестинска држава, што го отвора прашањето за волјата на Израел да дозволи спроведување на чекорите наложени од Обединетите нации.
Истовремено и Хамас соопшти дека не се согласува со делови од планот, одобрен со Резолуцијата. Милитантната палестинска организација го отфрла распоредувањето на силите, оценувајќи ги како „наметнат меѓународен механизам за старателство“ и го повтори својот став дека нема да се разоружа.
Поддржувачите на резолуцијата рекоа дека планот треба да доведе до итно укинување на преостанатите ограничувања за протокот на хуманитарна помош во Газа, испраќање на меѓународни сили за стабилизација што треба да го пополнат вакуумот што остана со повлекувањето на израелската војска, како и чекорите за обнова на разрушениот од војната Појас и отворање на патот за можно палестинско самоопределување и државност.
Референцата за палестинска државност претходно не се споменуваше во американскиот план, беше додадена во документот на резолуцијата како компромисно решение. Сепак, како што пишува „Гардијан“ формулацијата е нејасна и условна, односно во неа се вели дека само откако палестинската власт ќе се реформира и ќе започне обновата на Газа, „конечно ќе можат да се создадат услови за кредибилен пат кон палестинско самоопределување и државност“.
И покрај цврстата посветеност за формирање палестинска држава, покрај Израел, зад која застанаа арапските и муслиманските држави, како и што ја бараа арапските и исламските држави, како и членовите на Европскиот совет, сепак во говорите пред собранието по гласањето, делегатите од тие земји рекоа дека се подготвени да го прифатат компромисот во интерес на продолжување на сегашното примирје и итните мерки за обезбедување храна и заштита за 2,2 милиони Палестинци во Газа.

„Преодните аранжмани што ги преземаме денес мора да се спроведат во согласност со меѓународното право и почитувајќи го палестинскиот суверенитет и самоопределување“,
рече Џејмс Кариуки, вршител на должноста амбасадор на Велика Британија.
„Поднесовме како што сметаме суштински амандмани за да се обезбеди рамнотежа и интегритет во текстот. Некои од тие предлози беа прифатени…Алжир конечно одлучи да гласа за овој текст, поддржувајќи ја неговата основна цел – одржување на прекинот на огнот и создавање услови што ќе му овозможат на палестинскиот народ да го оствари своето право на самоопределување и државност“,
рече алжирскиот претставник во ОН, Амар Бенџама, зборувајќи во име на арапскиот блок.
Бенџама, исто така, акцентот го стави и делот од анексот на резолуцијата, кој како што кажа се однесува на палестинските права.
„Оваа резолуција мора да се чита во целост. Анексот е составен дел од неа и сите страни мора да се придржуваат кон неа. Тоа јасно потврдува дека нема анексија, нема окупација, нема прислуно раселување“,
кажа тој.
Резолуцијата, како што пишуваат медиумите, е редок пример за усогласена акција на Обединетите нации во врска со Газа, по две години дипломатски застој во кој беа убиени најмалку 71 000 Палестинци, што доведе до обвинувања за геноцид од страна на истражната комисија на ОН и групите за човекови права.
Цената на донесувањето резолуција, во чие донесување Русија и Кина останаа воздржани, без да гласаат или да го искористата правото на вето, остава многу отворени прашања, коментира „Гардијан“.
Според британскиот весник, тоа му дава целокупен надзорен авторитет на „Одборот за мир“ со кој, како што предвидува планот, треба да претседава американскиот претседател, Доналд Трамп: Она што и понатаму останува неизвесно е кој ќе членува во одборот, која мора да поднесува извештаи до Обединетите нации, но не е обврзан да работи според насоки од ОН или од Палестинските власти.

Планот предвидува и создавање палестински комитет, еден вид технократска влада, што треба да го води секојдневното управување со Појасот Газа и да обезбедува услуги, но сè уште далеку од јасно е кој сè ќе учествува во него.
Европските дипломати рекоа дека е витално значење што побрзо да се договорат имињата на палестинскиот технократски комитет за испорака на услуги.
Исто така, документот предвидува дека меѓународните сли за стабилизација – ИСФ ќе имаат мандат, односно овластување да спроведат разоружување и расформирање на вооружени групи во Газа, каква што е Хамас. Но, како и за претходните точки и во овој случај останува неизвесно дали некоја од земјите што ќе се согласи да биде дел од овие сили е подготвена да се соочи со Хамас. Ниту една држава досега се нема обврзано дека ќе испрати мировници.
Трамп го поздрави гласањето, посочувајќи дека станува збор „за момент од историски размери“, додавајќи дека „членовите на Одборот и многу други возбудливи објави ќе бидат дадени во наредните недели“.
