Во меѓувреме, Обвинителството на Тузланскиот кантон информира дека согласно наодите на експертите за електротехника и противпожарна заштита, пожарот настанал како резултат на краток спој на кабелот на радио-приемник во собата на еден од станарите на домот
Двајца од повредените во пожарот во пензионерскиот дом во Тузла денеска им подлегнаа на повредите, со што вкупниот број на жртви се искачи на 15. Пациентите биле сместени во Универзитетскиот клинички центар во Тузла, каде што сега на лекување остануваат петмина од повредените во пожарот.

„Двајца пациенти починаа во последните 24 часа. Моментално се хоспитализирани пет пациенти“,
се наведува во извештајот на Универзитетскиот клинички центар во Тузла.
Оттаму додаваат дека двајца од петмината хоспитализирани пациенти се на Клиниката за анестезиологија и реанимација, од кои едниот е на респиратор. На Клиниката за интерни болести се лекува еден жртва од пожарот, а на Клиниката за белодробни заболувања двајца.
Во меѓувреме, Обвинителството на Тузланскиот кантон информира дека согласно наодите на експертите за електротехника и противпожарна заштита, пожарот во пензионерскиот дом настанал како резултат на краток спој на кабелот на радио-приемник во собата на еден од станарите.
Еден ден по пожарот, директорот на пензионерскиот дом Мирсад Бакаловиќ поднесе оставка.
