Потресот се случил во 11:31 часот по локално време, а епицентарот е регистриран на длабочина од 25 километри
Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала го погоди Кипар.

Според податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), епицентарот на земјотресот е регистриран на 46 километри северозападно од градот Лимасол и 16 километри североисточно од градот Пафос.
Потресот се случил во 11:31 часот по локално време, а епицентарот е регистриран на длабочина од 25 километри.
По овој, регистрирани се уште неколку последователни потреси, од кои најсилниот е со јачина од 4,7 степени.
