Чејни беше најпознат како централна фигура во „војната против теророт“ на Џорџ В. Буш по нападите на 11 септември во 2001 година и еден од првите застапници на инвазијата на Ирак, пренесе Би-би-си

Поранешниот потпретседател на САД Дик Чејни почина на 84 години, соопшти неговото семејство, пренесе Би-би-си.
Чејни долги години беше дел од републиканската администрација и потпретседател на поранешниот претседател Џорџ В. Буш во периодот помеѓу 2001 и 2209 година.
Тој беше централна фигура во инвазијата на Ирак во 2003 година од страна на САД и сојузничките сили.
Чејни, исто така, беше министер за одбрана под Џорџ Буш постариот, помеѓу 1989 и 1993 година.
Пред тоа, Чејни беше шеф на кабинет на Џералд Форд во Белата куќа во 1970-тите, пред да помине една деценија во Претставничкиот дом.
Како поранешен бизнисмен, Чејни беше претседател на одбранбената фирма „Халибартон“, а во личниот живот беше страствен ловец.
Тој неодамна предизвика политичка контроверзност кога ја даде својата поддршка на демократската претседателска кандидатка Камала Харис на изборите во САД во 2024 година.
Чејни беше најпознат како централна фигура во „војната против теророт“ на Џорџ В. Буш по нападите на 11 септември во 2001 година и еден од првите застапници на инвазијата на Ирак, пренесе Би-би-си.
