Полицијата синоќа ги затекнала сега упасените лица во дворното место на едно лице од селото, каде што се организирале нелегални борби со кучиња. Пронајдени се едно повредено куче и предмети што потекнуваат од кривично дело
Битолската полиција синоќа пред полноќ во селото Црнеец лишила од слобода девет лица од земјава и од Косово што организирале нелегални борби со кучиња.

Како што информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Битола, по целосно расчистување и документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена кривична пријава за мачење животни.
„Четворица се од Косово, на возраст од 49, 43, 48 и 53 години, четворица од Битола, на возраст од 51, 41 и двајца од 43 години, како и еден 59-годишник од Штип“,
се вели во полициското соопштение.
Во описот на случајот се вели дека полицијата ги затекнала лицата во дворното место на едно лице од селото, каде што се организирале нелегални борби со кучиња.
„Во текот на акцијата, синоќа во 23 часот, полициските службеници пронајдоа едно повредено куче и предмети што потекнуваат од кривично дело“,
соопштија од СВР Битола.
