Минималните температури ќе се движат во интервал од -1 до 5 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 15 до 20 степени
По утринската магла во одредени котлини во земјата, во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Минималните температури ќе се движат во интервал од -1 до 5 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 15 до 20 степени.
Времето во Скопје од рано наутро ќе биде постудено со магла во делови од котлината, а преку денот сончево со мала до умерена облачност и слаб променлив ветер. Температурите ќе се движат од минимални 4 до максимални 19 степени.
За деновите од викендот УХМР најавува претежно сончево време со локална облачност.
