Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 28 октомври 2025 г. на МРТ 1, во кое донесуваме одделни разговори со градоначалникот и кандидат на СДСМ за нов мандат во Општина Центар, Горан Герасимовски, и со неговиот конкурент од ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ
Неколку дена пред завршување на кампањата во пресрет на вториот круг од локалните избори, во „360 степени“ на МРТ 1 донесуваме одделни разговори со кандидатите за градоначалник на Општина Центар – Горан Герасимовски од СДСМ и Мирослав Лабудовиќ од ЗНАМ. Во првиот круг, Герасимовски освои околу 8 500, а Лабудовиќ – околу 5 700 гласа, па пред гласањето на 2 ноември и двајцата се борат за гласовите на Билјана Ивановска од „Независни заедно“ (4 500) и на Марија Среброва од Левица (2 100) кои не успеаја да се пласираат во финалето на трката за Центар. Герасимовски го прашуваме дали се дистанцира од СДСМ, а Лабудовиќ – дали коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ целосно ја поддржува неговата кандидатура. Меѓу темите се и урбанизмот, сообраќајот и паркирањето во Центар.
